
Адвокатот на Шајло Џоли проговори за промената на нејзиното презиме: Одлуката дојде по „болните настани“
Адвокатот на Шајло, ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, проговори за нејзината одлука да го отфрли „Пит“ од презимето, откривајќи дека одлуката дошла по „болните настани“.
Препорачано
Шајло поднесе барање за промена на презимето на 27 мај, нејзиниот 18-ти роденден, и набргу потоа тоа беше објавено со правно известување во „Лос Анџелес Тајмс“. Во новата изјава, адвокатот на Шајло, Питер Левин, зборуваше за нејзината „значајна одлука“ и зошто таа ѝ пристапила на тој начин, пишува „Пипл“.
Тој истакна дека треба да бидат повнимателни во известувањето, „особено кога станува збор за млада личност која донела независна и значајна одлука по низа болни настани“. Тој додаде дека таа само го следи правниот процес.
Објаснувајќи го процесот дополнително, тој рече: „Шајло Џоли не платила за „реклама“ во која се објавува каква било промена на презимето, ниту пак известување во печатот што е неточно. Како адвокат на Шајло, од мене се бара да објавам правно известување бидејќи законот во Калифорнија налага секој што сака да го промени своето презиме да го стори тоа. Тоа правно известување беше објавено во „Лос Анџелес Тајмс“, како што се бара“.
Правен експерт претходно за „People“ потврди дека јавното објавување за промена на презимето во весникот „не може да се избегне“ за да се заврши официјалниот процес за промена на презимето.
Барањето за промена на името дојде откако извор близок до семејството изјави за „People“ дека Пит „практично нема никаков контакт“ со своите возрасни деца, но сепак има посети со своите помали деца.