
Адвокатот на Палчо побара сведокот Гоцe да биде казнет оти ги навредувал
Адвокатот на Љупчо Палевски Палчо првообвинетиот за убиствата на Вања и Панче побара сведокот да биде казнет затоа што ги навредува адвокатите.
Препорачано
Во јавноста не се слушна што му кажа сведокот Гоце Трајковски, судијата го опомена, а Јовица Страшевски, адвокат на Палевски, побара судијата да биде изземен, но судијата констатираше дека адвокатот нема веќе вкрстени. Бидејќи одбраната по втор пат побара изземање по ист основ, пристрасност на судијата, барањето беше одбиено како неосновано.
Не беше дозволено прашањето на Палчо што му го постави и го спомена поранешниот директор на затворот во Шутка, Филип Андов за кого Трајковски рече дека му е како брат.
Тој кажуваше дека контактирал преку негова братучетка со мајката на Вања, Зорица, која му викала дека не и се верува дека Александар е обвинет затоа што многу бил грижлив татко особено кон Вања.
Трајковски мислел дека Жежовски е педофил и дека ја грабнал Вања.
Тој контактирал со инспекторот Музафер Каришиќ и тврдеше дека се што добивал му праќал него, а инспекторот го терал да се јавува и да бара камери.
Инспекторот пак Музафер Каришиќ рече дека го натерал да снима во станот каде живеел таткото и бабата на Вања и да види дали девојчето е некаде скриено во плакар или тоалет.
На прашањето на обвинителката зошто прифатил рече дека се работи во интерес на пронаоѓањето на девојчето.
Потоа кажа дека во присуство на двајцата инспектори, Каришиќ и Дејан Димовски било побарано ова од него.
„Цитроенот“ веднаш му бил сомнителен на Гоце Трајковски, многу чадел и возел многу бавно