Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Адвокатот на Џеј Зи откри зошто раперот ја тужеше жената која го обвини за силување: „Вистината мораше да излезе на виделина“

 

Адвокатот на Џеј Зи, Алекс Спиро, проговори за последната тужба на неговиот клиент. Имено, Џеј Зи пред неколку дена ја тужеше жената која претходно го обвини за силување заедно со Пи Диди, а Спиро ја откри причината за оваа постапка.

„Вистината мораше да излезе на виделина. Ова лице не може да скрие од јавноста дека обвинението за силување од страна на Џеј Зи е лажно“, рече тој.

Во својата тужба го повика и адвокатот на жената која го обвини за силување. Џеј Зи тврди дека Базби и неименуваната девојка направиле заговор против него иако знаеле дека тврдењата се лажни.

Покрај тоа, на крајот на декември минатата година, девојката изјавила дека има некои нелогичности во нејзиното сеќавање на настаните од журката на доделувањето на видео музичките награди на „Ем-ти-ви“.

„Направив некои грешки додека се сеќавав на таа ноќ. Тоа што ми се случи беше најјасно, а лицата не ми беа толку јасни. Можеби некои погрешно ги идентификував“, изјавила девојката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот