Фото: Приватна архива - фејсбук

Адвокатката Анастасовска за обвинението за „Пулс“: Траумите допрва доаѓаат

Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска во врска со обвинението за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ и најновите смс-пораки кои беа обелоденети од ИРЛ, а од кои се појавија сомнежи дека постоела спрега меѓу сопствениците на дискотеката и инспекторите и полицијата на социјалните мрежи, коментира дека „дејствија кои не можат да се доведат во контекст со последиците не треба да бидат предмет на обвинение“.

„Дејствија кои не можат да се доведат во контекст со последицата изразена преку кривичното дело Тешки дела против општата сигурност од чл.292 од КЗ, не беа предмет на ова обвинение“. Така е, дејствија кои не можат да се доведат во контекст со последицата не треба да бидат предмет на обвиниение. Но, вие решивте да смислувате термини како „верижни пропусти“ или „верижни последователни пропусти“ или „ синџир на континуирани пропусти“, за да се „удварате“ на власта, наместо да разграничите што е криминал поврзан со пожарот, што е злоупотреба и несовесно работење на службите со конкретни докази за истото, а што е системски пропуст за кој не постои индивидуална кривична одговорност, туку постои морална и политичка. Потоа, го налицкавте обвинението со умисла и соизвршителство за да биде „тешко“, го избрзавте за да добиете „фалби“ и напредувања во кариерата и сега давате вакви смешни соопштенија“, напиша таа. 

Адвокатката додава дека Кривичниот суд сега е исправен пред предизвик и „мака мачи“ што да прави.

„Се бори сам со себе што го снашло оти против природата му е да удри силно и одлучно и да го врати обвиниението со јасна порака дека не може да пројде во суд ваква нарачана правна итроштина без докази, а во целиот тој галиматијас се прави дупла штета – семејствата на жртвите збунети и разочарани, општеството со недоверба. Синџирот е силен онолку колку што е силна најслабата карика. Траумите допрва доаѓаат“, напиша таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот