Влада на Р. Албанија / Фото: Принтскрин / Јутјуб

Административците во Албанија во петок ќе одат порано дома, ќе работаат само 6 часа

Албанската влада денеска донесе одлука, која стапува во сила веднаш, за пофлексибилно работно време за вработените во јавната администрација.

Државната министерка за јавна администрација и антикорупција Адеа Пиндери ги објави временските рокови кога ќе треба да работат вработените во јавните институции.

Според одлуката административните службеници од понеделник до четврток ќе работат осум и пол часа а во петок 6 часа.

– Во работните денови задолжително треба да бидат присутни на работното место во временскиот период од 9:30 до 15:30 часот, додека преостанатиот дел од работното време може да се заврши со избирање да се започне со работа порано или да се заврши подоцна, рече Пиндери по седницата на владата.

Дообјасни дека ќе бидат опфатени над 130 илјади вработени во институциите на државната администрација, независни институции и локалните самоуправи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот