
Адем Мекиќ: Ја респектираме Литванија, но веруваме во позитивен резултат
Македонската сениорска кошаркарска репрезентација против Литванија, во четврток навечер, од 18.00 часот во салата на СРЦ „Кале“ – Скопје, ќе го играат натпреварот од третиот круг од евро-квалификациите за пласман на наредниот Евробаскет во 2025 година.
Препорачано
Нашите најдобри кошаркари успешно го одработија и третиот ден од подготовките за двомечот со селекцијата која доаѓа од Балтикот.
Репрезентација која е фаворит во оваа конкуренција во која освен нашата селекција сѐ уште и Естонија и Полска. Запознат е со квалитетите на нашиот ривал и Адем Мекиќ:
– Литванија е една од најсилните репрезентации во светот, а дуелите со неа се од исклучително значење за нас. Имавме успех на гостувањето во Полска, ќе мораме сите да бидеме на висина на задачата, да дадеме 200% од нашите можности, и да се обидеме да изненадиме барем на домашен терен – рече Мекиќ.
Нашиот крилен играч го респектира противникот и смета дека за „нешто повеќе“ против фаворитот ќе ни треба, пред се, доста агресивност во о вие, но и оние 40 минути кои следуваат во Клаипеда.
– Како репрезентација, мораме да бидеме агресивни, секако дека го респектираме противникот, но не треба да се повлечеме. Мораме да веруваме во позитивен резултат – вели Мекиќ по успешно одработениот тренинг во СРЦ „Кале“.
Јончевски: Мечот во Скопје против Литванија ќе биде показател дали сме подготвени за ЕП