
Адел си ги заштити милионите од новиот сопруг со предбрачен договор
Адел наводно го навела нејзиниот нов сопруг Рич Пол да потпише предбрачен договор пред нивната „тајна“ венчавка за да го заштити нејзиното богатство од 220 милиони долариЛ, пишува „Дејли меил“.
Препорачано
Во ноември, инсајдер изјавил за блогот „Deux Moi“ дека пејачката јавно потврдила дека неодамна се омажила за Рич Пол, додека била на хумористична емисија во Лос Анџелес.
Веста пристигна по неколку месеци откако Адел постојано го нарекуваше спортскиот агент како свој „сопруг“.
„Радар онлајн“ (RadarOnline) тврди дека пријателите на Адел биле тие кои ја поттикнале да склучи предбрачен договор за да го заштити своето богатство.
Според „Селебрити нет ворт“ (Celebrity Net Worth), Адел има богатство од 220 милиони долари, што ја вклучува нејзината плата од резиденцијата во Лас Вегас, продажбата на нејзините четири албуми (31 милион долари) и уште 34 милиони долари од дигитална продажба.
Дополнително, пејачката поседува неколку куќи, а нејзините главни живеалишта се имот од 11 милиони долари во Западен Сасекс, Англија и имот од 10,5 милиони долари во Беверли Хилс.
Таа, исто така, поседува втор дом во 90210 што го купила во 2016 година за 9,5 милиони долари, како и две градски куќи во Лондон во вредност од 14 милиони долари.
Во декември 2021 година, Адел го купила замокот на Силвестер Сталоне во затворената заедница на Беверли Парк во Лос Анџелес за 58 милиони долари, според „ТМЗ“.