фото: Dubai Basketball

АБА лига: Дубаи израмни во полуфиналето против Партизан

Кошаркарскиот тим на Дубаи го пречека Партизан во вториот натпревар од полуфиналето на АБА лигата.

Домашниот тим победи по продолжението со резултат 100:95 (29:23, 21:24, 22:26, ​​​​13:12, 15:10) и бидејќи „црно-белите“ го добија првиот натпревар, финалистот на регионалното натпреварување ќе го добиеме по мајсторката што ќе се игра во недела во Белград.

За Дубаи најефикасен беше Препелич со 30 поени, следен од Мејсон со 26.

На спротивната страна К. Џонс реализираше 25 поени, додека Ниликина постигна 18.

Во второто полуфинале од регионалното натпреварување играат Будуќност и Црвена звезда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот