Академија пандев загуби со 1:2 од Лехија во реваншот што се играше во Скопје/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

А. Пандев со пораз и во реваншот го заврши настапот во Европа

Екипата на Академија Пандев доживеа пораз и во реванш натпреварот од првото квалификациско коло за пласман во Лигата на конференции од полската екипа Лехија Гдањск.

Пандевци дека на тренинг центарот на ФФМ „Петар Милошевски“ загубија со 1:2 од Лехија Гдањск и со вкупни 2:6 го завршија настапот во Европа.

Фудбалерите на Академија Пандев во натпреварот влегоа со желба да се обидат да ја анулираат негативата од три гола и првата половина од првиот дел не реализираа два зицери по што доде казната. Мациеј Гајос во 37 минута ја донесе Лехија во водство од 0:1.

Во второто полувреме, во Димитар Митровски во 59 минута го израмни резултатот и ја врати резултатската неизвесност барем во реваншот. Сепак, Рафал Петржак во 82 минута погоди за Легија и трумф од 1:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот