
7 вкусни пијалаци со јаболков оцет за губење на килограмите
Оцетот го забавува разградувањето на скробот во гликозата и им кажува на нашите мускули да ја апсорбираат гликозата додека стасува во крвотокот, а со овие идеи нема да биде проблем да се пронајде начин да се ужива во вкусот на јаболковиот оцет.
Препорачано
Француската биохемичарка Џеси Иншауспе и авторка на книгата „Гликозна револуција“ објаснува во својата книга како додавањето јаболков оцет во исхраната е одличен начин да се спречи ненадеен скок на гликозата во крвта по оброкот, но како тоа навистина функционира?
Како функционира?
Во последните децении, разни истражувачки тимови ги проучувале ефектите на оцетот врз нашето тело, наведува Џеси на својата веб-страница, а нивните студии покажале дека едноставното консумирање оцет пред оброците доведува до губење на тежината, постабилно ниво на гликоза во крвта, намалени висцерални масти и намалени нивоа на триглицериди. Малата студија, исто така, покажала дека консумирањето оцет може да помогне во поништувањето на симптомите на ПЦОС.
Научниците откриле дека киселината во оцетот привремено ја деактивира алфа-амилазата, дигестивен ензим во плунката што го разградува скробот. Поради тоа шеќерот и скробот побавно се претвораат во гликоза, а таа гликоза има помалку интензивно влијание врз телото. Потоа, кога оцетната киселина ќе влезе во крвотокот, таа продира во нашите мускули и ги поттикнува да создаваат гликоген побрзо од вообичаеното, што доведува до поефикасно апсорбирање на гликозата. Поради тоа би било добро пред секој оброк да се пие една лажица јаболков оцет разреден во малку вода.
Како да направите вкусен пијалак со јаболков оцет?
Можеби нема на секого да му се допадне интензивниот вкус на јаболковиот оцет, па затоа Џеси објави неколку рецепти на својот фејсбук-профил за подготовка на вкусни пијалаци со јаболков оцет што можете да ги пиете пред оброк. Таа го предлага следново:
1. Шолја топол чај од цимет и една лажица јаболков оцет се совршена комбинација за љубителите на цимет и одличен начин да го започнете денот.
2. Во чајникот со врела вода, ставете парче лимон, малку корен од ѓумбир, лажица јаболков оцет и прстофат монк овошен шеќер за сладост.
3. Во чаша вода додадете прстофат сол, една лажичка течни аминокиселини и една лажичка јаболков оцет. Овој пијалак е одличен за спортистите.
4. Додадете неколку парчиња лимон, лимета и грејпфрут во чашата, малку изгмечете со лажица и додадете една лажица јаболков оцет и наполнете ја чашата до врвот со природна минерална газирана вода.
5. Во чашата ставете многу мраз, две или три четвртини лимета, листови од нане, една лажица јаболков оцет, наполнете со природна минерална газирана вода и додадете неколку капки стевиа.
6. Во чаша вода додадете мраз, четири малини, листови од нане и една лажица кокосов оцет.
7. Ако сте љубител на комбуха, едноставно измешајте чаша од овој пијалак со една лажица јаболков оцет и уживајте.