Пустец / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Македонците во Албанија со наше државјанство можат да ги обноват пасошите во амбасадата

Македонската амбасада во Тирана попладнево објави известување околу обновувањето на патните исправи на Македонците во Албанија кои поседуваат македонско државјанство.

-Ги информираме сите припадници на македонското национално малцинство во Република Албанија, кои имаат македонско државјанство и поседуваат истечени пасоши, дека до 20 овој месец може да поднесат барање за нивно обновување во Амбасадата на Република Северна Македонија во Тирана, пишува во известувањето.

Заинтересираните кои сакаат да ги обноват своите македонски пасоши треба да се пријават на телефонскиот број: +355 422 30909 или на Е-пошта: [email protected].

„При поднесување на пријавата, задолжително е да се достават документ за идентификација, Документ со кој се потврдува македонското државјанство (важечки документ или уверение за државјанство) и да се наведе контакт телефонски број или електронска адреса на барателот“, велат од амбасадата додавајќи дека фотографирањето за нови пасоши ќе биде во Амбасадата во Тирана и во Општина Пустец, што е по избор на барателот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот