брза помош сообраќајка

34-годишна битолчанка се задушила од плин

Жена од Битла на возраст од 34 години починала како последица на труење од плин. Нејзиното тело било пронајдено во бањата од нејзиниот стан. И покрај обидите на екипата на итната помош, а потоа и на битолската болница да ја реанимираат, веќе било доцна.

Од МВР велат дека телото на битолчанката било пренесено во болницата без видливи траги на насилство.

По наредба на обвинител извршена е обдукција.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот