Д-р Томас Кван / Фото: Британска полиција

Лекарот кој го отру партнерот на мајка си со лажна ковид-вакцина доби 31 година затвор

Незадоволен од семејното наследство, британски лекар му вбризгал отров на партнерот на неговата мајка, лажно претставувајќи ја инјекцијата како вакцина против Ковид-19. Тој денес доби 31 година затвор, пренесе „Вашингтон пост“.

Д-р Томас Кван пред судот призна дека се маскирал како болничар кој доаѓа во домашни посети, за да му го вбризга отровот на Патрик О’Хара, постар човек кој бил во врска со мајката на лекарот, бидејќи стравувал дека тој ќе има право на дел од наследството на неговата мајка.

О’Хара едвај го преживеа труењето, по неколку недели на интензивна нега, при што му беше ампутиран и дел од раката. Тој и мајката на Кван, Џени Лунг, се разделија по морничавиот обид за убиство.

Полицијата користела снимки од надзорните камери за му влезе во трага на Кван. Притоа полицијата откри дека тој смислил заговор со испраќање лажни писма со лого на „NHS“, хиперлинкови, па дури и „QR“ код за да му понуди на О’Хара домашна посета за вакцинирање. Потоа Кван се маскирал со помош на заштитната опрема од глава до петици, носел и затемнети очила и хируршка маска, а дури користел и лажни регистарски таблички на својот автомобил кога одел на средбата со старецот кога му го вбризгал отровот.

Подоцна се дознало дека Кван имал морбидна опсесија со отрови, и користел јодометан во обидот да го убие О’хара. Оваа супстанција може да се пронајде во пестицидите, а за која сметал дека на лекарите ќе им биде тешко ќе ја откријат, објасни судијата.

Кван бил вознемирен од можноста да добие помал дел од наследството на мајка му. Тој имал заострени односи со неа, а подоцна дознал и дека во нејзиниот тестамент постои одредба која би му овозможила на О’Хара да остане во нејзиниот дом доколку таа почине пред него. Поради што се одлучил да го измами и да се обиде да го убие старецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот