Луѓе пазарат во маркет / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

22,2 % од граѓаните во Македонија живееле во сиромаштија во 2023 година

Во 2023 година стапката на сиромаштија во Македонија изнесувала 22,2 отсто, покажуваат податоицте на Државниот завод за статистика.

Според податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, Државниот завод за статистика (ДЗС) ги пресмета индикаторите за сиромаштија за 2023 година. Сиромаштијата се пресметува врз основа на приходите, а прагот е дефиниран како 60% од медијалниот еквивалентен приход.

Кога се анализира по типови домаќинства, домаќинствата составени од двајца возрасни и две издржувани деца имале стапка на сиромаштија од 17,8%. Според економската активност, 8,4% од вработените лица биле сиромашни, додека кај пензионерите стапката изнесува 11,3%.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот