22 странски студенти ќе студираат на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“

22-ца странски студенти, кои се дел од студентската размена преку програмата „Еразмус плус“ почнаа со предавањата и вежбите на факултетите и академиите на Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип.

Сања Максимова од одделението за меѓународна соработка на УГД-Штип истакна дека на денешната церомонија е за добредојде на странските студенти, како и да се запознаат едни со други, но и да се информираат за градот Штип во којшто ќе претстојуваат еден семестар или цела година.

-Оваа година имаме најмногу студенти од универзитетите од Шпанија, Италија, имаме еден студент од Чешка, а очекуваме тројца студенти да дојдат од Турција, коишто во наредниот период ќе започнат со наставата, вели Максимова.

Филип Бактош студент на Факултетот за медицински науки во Чешка, вели дека во Штип ќе слуша еден семестар. Задоволен е од престојот и гостопримливоста на луѓето. Забележува дека изборот за дојде на штипскиот Универзитет го направил со цел да ја запознае македонската култура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот