Фото: Unsplash

Рецепт за лазањи со спанаќ според италијански рецепт

Наместо класичен начин на подготовка на лазањи, експериментирајте со вкусовите, а наместо мелено месо, за овој рецепт користете свеж спанаќ, пармезан и домати пелати. Исто така, ако не сте љубител на традиционалните лазањи направени од брашно и јајца, се употребуваат и лазањи со зелена боја што се направени со додавање спанаќ.

Состојки:

– кори за лазањи
– 400 г спанаќ
– 250 г пелати домати
– 3 лажици маслиново масло
– 200 г путер
– 150 г брашно
– 150 мл млеко
– 6 лажици пармезан
– 5 јајца
– сол по вкус
– мускантно оревче
– 1 лажица мешан зачин
– масло за готвење

Подготовка:

Пелатите убаво исцедете ги, извадете им ги семките, исечкајте ги и ставете ги во загреано маслиново масло. Пржете ги додека не испари течноста. Спанаќот исчистете го, измијте го и кратко варете го во зовриена солена вода. Потоа извадете го, изладете го и исечкајте го.

Брашното пропржете го на путер, додајте го млекото и гответе околу 5 минути, непрекинато мешајќи со жица. Додајте го мускантното оревче, посолете и бешамелот е готов.

Кога бешамелот ќе се излади, во него додајте ги сечканиот спанаќ, мешаниот зачин и јајцата, кои претходно ќе ги изматите.
Сварете ги корите за лазањи, но не докрај, исцедете ги и изладете ги. Земете тава, намачкајте ја со масло за готвење и наредете ред од корите за лазањи. Потоа, ставете прво од сосот од пелати, па од бешамелот со спанаќ и одозгора повторно ставете ред со кори.

Постапката повторете ја додека не ги потрошите корите, а на крајот одозгора сипете го остатокот од бешамелот и пармезанот. Печете на загреана рерна на 180 степени Целзиусови, околу 40 минути.
Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот