Роднини на повредените во пожарот во Кочани пред болницата „8 Септември“ во Скопје / Фото: Филип Николов / Слободен печат

152 луѓе во болница, 18 се во критична состојба по пожарот во Кочани

Во моментов, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош, соопштија од Министерството за здравство. 18 од повредените се во критична состојба, велат од МЗ.

„Веднаш по несреќата, здравствениот систем беше целосно мобилизиран, а сите болнички капацитети се ставени во функција за да се обезбеди најдобра можна грижа за повредените“, велат оттаму.

Во Клиничката болница во Штип се хоспитализирани 45 пациенти, во Општата болница во Кочани 30 пациенти, во Св. Наум Охридски 29 пациенти, во 8 Септември 17 пациенти, на КАРИЛ 16 пациенти, на Клиниката за пластична хирургија 11 пациенти, а на Детската хирургија 4 пациенти.

Од вкупниот број хоспитализирани, 18 пациенти се во критична состојба – Детска хирургија – 3, КАРИЛ – 7, Градска општа болница – 5, Стара Градска – 3“, велат од МЗ.

Министерот за здравство Арбен Таравари заедно со здравствените институции внимателно ја следи состојбата и останува во континуирана комуникација со болниците за да се обезбеди навремена и соодветна медицинска нега, велат од МЗ.

Министерството за здравство ја уверува јавноста дека сите расположливи ресурси се ставени во функција и дека ниту еден пациент не е оставен без неопходна грижа. Наш приоритет останува спасувањето животи и обезбедувањето најдобри можни услови за закрепнување на повредените. Изразуваме благодарност до сите опшествено-одговорни граѓани и субјекти кои помагаат во овие тешки моменти и доброволно понудија помош“, велат од МЗ.

Истовремено, оттаму соопштија дека дополнителни информации за состојбата на пациентите може да се добијат на телефонскиот број 071226764 за ГОБ 8 Септември, 070387115 за Клиничкиот центар и 075203026 за Св. Наум Охридски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот