Клиника за радиотерапија и онкологија / Фото: Слободен печат, Драган Митрески

МВР спроведува акција на Клиниката за онкологија по написите за нелегална продажба на лекови

На Клиниката за онкологија во универзитетскиот клинички комплекс „Мајка Тереза“ во Скопје во тек е полициска акција.

Oд Министерството за внатрешни работи најавуваат дека ќе споделат повеќе информации, во координација со Основното јавно обвинителство по завршување на акцијата.

Дел од медиумите веќе објавија дека акцијата следува по објавата на информациите од медиумските натписи дека вработени во клиниката незаконски препродаваат лекови на пациенти.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот