Бошковиќ: Договорот меѓу Северна Македонија и Грција доказ дека постојат храбри луѓе во регионот

Во регионот има храбри луѓе, а пример за тоа е постигнувањето на договор меѓу Грција и Северна Македонија, со кој е решено нешто за кое до пред две години се мислеше дека е нерешливо, изјави синоќа црногорскиот министер за одбрана Предраг Бошковиќ.

Сепак, тој дополни дека на Западен Балкан се уште има отворени проблеми. Во Виена, на „Јужно-источниот европски бизнис круг“, Бошковиќ го посочи косовското прашање, дополнувајќи дека реториката околу тоа прашање наликува на онбаа од 1990-те. Но и покрај тоа исклучи можност од повторување на настаните кои се случија тогаш. Меѓутоа, нестабилноста на Косово може да предизвика нестабилност во Црна Гора, Србија, БиХ и другите земји од регионот, бидејќи се сите поврзани, а може негативно да влијае и на стабилноста на Европа.

– Неопходно е Белград и Приштина што побрзо да се вратат на дијалогот – пренесува Танјуг.

Според него, предизвик е и БиХ, која ја оквалификува како нефункционална држава.

Бошковиќ вели дека најголем проблем на Балканот е тоа што сите секогаш гледаат на различностите, наместо на заедничкиот интерес.

– Западен Балкан има голем потенцијал, кој досега е неискористен, бидејќи земјите од регионот премногу гледаат на своите различности, наместо да бараат сличности – посочи црногорскиот министер.

Тој оцени дека сега се потребни храбри и паметни одлуки и укажа дека доколку поранешна Југославија ги донела кон крајот на 1980-те, постјугословенските држави сега ќе беа членки на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот