Instagram

Ѕвездата од „Матрикс“, Кери-Ен Мос вели дека ѝ била понудена улога на баба ден откако наполнила 40 години

Актерката Кери-Ен Мос, ѕвездата од „Матрикс“ вели дека на своја кожа ја почувствувала холивудската дескриминација кога станува збор за возраста и полот.

Мос неодамна откри дека само еден ден по нејзиниот 40-ти роденден ѝ била понудена улога на баба.

Слушнав дека на 40 години сè се менува“, вели канадската актерка која сега има 53 години и се подготвува за премиерата на „Матрикс 4“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carrie-Anne Moss (@carrieanne.moss)

Не верував во тоа. Но, буквално ден по мојот 40-ти роденден, го читав сценариото што го добив и потоа разговарав за тоа со мојата менаџерка. Таа ми рече „ох, не, не, не, не е таа улога што ја читаш, твоја е улогата на бабата“. Можеби малку претерувам, но тоа се случи преку ноќ. Од девојче станав мајка на мајка ми“, рече Кери-Ен Мос, пренесува „The Hollywood Reporter“.

Мос, исто така, вели дека забележува и подраматична разлика во начинот на кој се однесуваат кон машките колеги, но вели дека иако била сведок на брутална транзиција во нејзината кариера, нема намера да се менува поради индустријата.

epa-efe
EPA/MATTEO BAZZI

Не чувствувате дека сте остареле и одеднаш се гледате себеси на екранот. Ги гледав француските и европските актерки кои го имаа тоа нешто во себе што дава впечаток дека се чувствуваат многу сигурно во својата кожа. Едвај чекав да бидам како нив. Уште се стремам кон тоа. Не е лесно да се биде во овој бизнис, бидејќи има голем надворешен притисок“, вели Мос.

Актерката неодамна се обедини со Кијану Ривс за уште еднаш да ја отелотвори улогата на Тринити во четвртото продолжение на „Матрикс“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carrie-Anne Moss (@carrieanne.moss)

Во едно интервју минатата година, Мос рече дека никогаш не ни помислила дека може да се случи уште едно продолжение на франшизата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот