
Зошто Саудијците беа беспомошни при нападот врз нафтената постројка? Нови детали за американските ракетни системи кои претходно беа непознати
Ракетните системи Патриот и Аегис, како и бројни американски радари го чуваат саудиското небо. Но, целата опрема не успеа да го запре масовниот напад на нафтените постројки, бидејќи нивните вистински карактеристики не се оние кои САД ги рекламираат, изјави извор од руската војска.
Препорачано
– Искористувајќи ги испораките на оружје од САД, Саудиска Арабија успеа да го изгради најмоќниот систем за противвоздушна одбрана во регионот кој овозможува целосна радарска покриеност – изјави во четвртокот висок руски воен извор, а пренесе „РТ“.
Денес имаат 88 лансери „Патриот“ – 52 од нив се најнова верзија ПАК-3 – кои ја штитат северната граница на Саудиска Арабија, додаде тој.
Покрај тоа, тие поседуваат три системи вооружени со 100 СМ-2 ракети кои го штитат саудискиот брег од страната на Персискиот Залив.
Сепак, рускиот извор забележал дека нивната ефикасност во реални акции не кореспондира со нивните карактеристики.
– Системите за противвоздушна одбрана „Патриот“ и „Аегис“ не одговараат со нивните спецификации со кои се продадени. Тие едноставно не се во можност да го одвратат непријателскиот напад кој би можел да вклучи и масовна употреба на беспилотни летала. Тие се неефикасни против воздушни цели како што се крстосувачките ракети – изјавил изворот.
Изворот го изјави ова во момент кога меѓународните медиуми се борат да откријат зошто војската на кралството не можеше да го запре воздушниот напоад на нафтените објекти.