
Зошто јадеме пуканки во кино? Некој направи богатство од некогашната несакана ужина
Меморијалниот ден во САД е момент кој го означува почетокот на летната филмска сезона на блокбастери. Така е веќе 90 години, па затоа пуканките станаа неразделни од киното.
Препорачано
Аналитичарот на медиумската компанија Комсоре, Пол Дергарабедијан смета дека е тешко да се замисли посовршена комбинација од киното и пуканките, кои станаа толку длабок дел од културата. Колку киното и пуканките се неразделни говори податокот дека најголемиот ланец кина во САД, АМЦ Тиатерс, произведува толку многу пуканки годишно што би било доволно да се наполнат дури 222 олимписки базени.
Меѓутоа, порано не беше така бидејќи кината не сакаа ништо да имаат врска со храната. Во својата книга „Испукана Култура: Социјалната историја на пуканките во Америка“, Ендрју Ф. Смит, пишува за тоа како е создадена врската помеѓу киното и пуканки. Во книгата се наведува дека американските морнари најверојатно донеле пуканки од Јужна Америка на почетокот на 19 век. Правењето пуканки стана популарно во 1840 година. Во следните неколку децении, продавачите на пуканки станаа сеприсутни на улиците, саемите и циркусите. После тоа почна бавното „додворување“ на пуканките во кината. Продавачите на пуканки исто така видоа можност во зголемениот број кинематографи. До 1930 година, во САД имало 90 милиони гледачи неделно.
Сепак, бумот на пуканките во киносалите се случи во економски период кога беше најмалку веројатно да се случи – за време на Големата депресија.
„Со пет или десет центи по кесе, пуканките беа прифатлив луксуз за повеќето Американци“, истакнува Смит, пишува Си-ен-ен, пренесува Кликс.ба.