Instagram

Емилија Кларк од „Игра на престолите“ не сакала секс пред камерите!

Емилија Кларк имала понуда да ја игра главната женска улога во филмот „Педесет нијанси сива“, но ја одбила улогата поради сексизам. Популарната калиси од „Игра на престолите“ открива зошто во 2015 година ја одбила главната женска улога во популарниот филм.

„Минатиот пат кога бев гола пред камерите (во „Игра на престолите“) беше пред повеќе години, а сè уште тоа е главното прашање што ми го поставуваат само бидејќи сум жена. Тоа е многу иритантно и смачено ми е, го направив тоа само поради ликот на Денерис што го толкував, а не за мажите да ми ги гледаат градите“, изјавила Кларк.

Додала дека глумењето во филм во кој главниот акцент е на сексот и голотијата само би предизвикало постојана расправа за сцените на кои би била без облека, и дека тоа е главната причина што ја одбила улогата во филмот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот