ЗНМ реагира зашто Министерството за здравство ја викнало само МИА на настан

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува загриженост поради самоволното и непрофесионално однесување на Министерството за здравство и службите за односи со јавност, кои денеска не овозможија официјално присуство на медиумите при посета на Клиниката за пулмологија и алергологија.

Имено, по неколку барања од новинарите кои известуваат во областа на здравство и кои во неколку наврати се обратија до ЗНМ за ова прашање, денеска била повикана само агенцијата МИА за снимање на клиниката, додека останатите медиуми не биле официјално поканети. Ова јасно покажува ограничување на пристапот до настани од јавен интерес, создава впечаток на дискриминација и отвора сомнеж за можност за прикривање на информации.

ЗНМ ги потсетува надлежните дека медиумите имаат право да известуваат за сите настани од јавен интерес без дискриминација, а институциите се должни да обезбедат транспарентност и еднаков пристап до информации за сите новинари. Оваа ситуација е особено сериозна во контекст на претходните конфликти и недостапноста на информации од страна на кабинетот на министерот за здравство.

ЗНМ повикува на итна ревизија на практиките на Министерството за здравство, овозможување на пристап на сите медиуми до информации од јавен интерес и почитување на професионалните стандарди во комуникацијата со новинарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот