Илустрација, извор Министерство за здравство
Илустрација, извор Министерство за здравство

Злоупотреби во здравството? Пријавете во Министерството!

На веб-страницата на Министерството за здравство отсега граѓаните ќе може да пријавуваат неправилности, информираше министерот за здравство Азир Алиу.

Пријавувањето е анонимно, но доколку сакаат граѓаните може да остават и свои лични податоци, телефонски број или адреса, па ако надлежните имаат некои прашања, да ги контактираат.

На пример, може да се пријави подолго чекање на некоја клиника, или пак некоја нерегуларност, а може да се приложат и фотографии и документи како докази. На крајот од секој месец, предвидено е јавно да бидат објавувани податоци во кои јавни здравствени установи колку неправилности биле пријавени од страна на граѓаните, извести Алиу на брифингот со новинарите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот