АВМУ. / Фото: Архива на Слободен печат

Зиријета Јајага наместо Нафије Селмани – нова предлог одлука за именување на членови на Советот на АВМУ

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска усвои шредлог-одлука за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со која се предлага на местото на Нафије Селмани, дипломиран професор по албански јазик и книжевност од Скопје, да биде назначена Зиријета Јајага, дипломиран професор по албански јазик и литература и магистер по дипломатија од Скопје.

Со новата предлог одлука на пратениците ќе им се предложи за членови на Советот на АВМУ да ги именува Виктор Павловски, дипломиран инженер по производна информатика од Скопје, Сашо Стефановски дипломиран по филмска уметност и ТВ снимател од Скопје, Петар Џуровски дипломиран филмски и ТВ монтажер од Скопје, Цветанка Миновска дипломиран новинар од Скопје, Афрона Врзиволи дипломиран економист од Скопје,  Гордана Мајнова дипломиран економист и магистер по комуникологија и Зиријета Јајага, дипломиран професор по албански јазик и литература и магистер по дипломатија од Скопје.

Како што пишува МИА, предложениот состав на Советот на АВМУ ќе биде утре на собраниска седница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот