Насер Зибери, Народен правобранител
Насер Зибери, Народен правобранител

Зибери за тепањето затвореници во „Идризово“: Полицијата ги прeчекорила своите овластувања

Народниот правобранител во извештајот за случувањата во затворот „Идризово“ кога беа повредени полициски службеници и затвореници констатирал пречекорување на овластувањата на полицијата.

– Заврши процесот на обработка на видео записите и извештајот ќе го дадеме. За жал, има елементи на повреда на правата во смисла на пречекорување на овластувањата на припадниците на полиција, изјави денеска народниот правобранител Насер Зибери, одговарајќи на новинарско прашања по конференцијата „Надзорната улога на Народниот правобранител над безбедносниот сектор од аспект на заштита на правата на граѓаните“.

Прашан дали тоа е причината за настаната ситуација во затворот Идризово, Зибери рече дека не е сигурен дали тоа е единствената причина.

– Јас гледам од перспектива на заштита на правата на затворениците, како е дојдено, зошто е дојдено, дали е добро организирано, одговор треба да дадат тие, а ние веќе се обративме до надлежните служби да добиеме целосна слика за акцијата, рече Зибери.

Претресот во полуотвореното одделение во затворот „Идризово“ беше спроведен последниот викенд од октомври кога дел од затворениците пружиле отпор по што биле совладани од страна на полицијата. Во претресот беа пронајдени 63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за телефони и дрога.

 

ФОТО Затвореници помодрени од ќотек во Идризово при претрес во кој се најдени дрога, ножеви и мобилни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот