
Зијадин Нуредини сменет од директорското место во училиштето во кое учи Ембла
Зијадин Нуредини повеќе нема да биде вршител на должноста директор на основното училиште „Башкими“ во Гостивар. Оваа информација тој тукушто ја потврди за „Слободен печат“.
Препорачано
– Сфатив дека најдобро е да не побарам продолжување на мандатот и денеска по средбата со градоначалникот Арбен Таравари, одлучив да се повлечам од функцијата. Мораше така да биде за да се смири ситуацијата, и да не се оцрнува ниту моето име, ниту името на училиштето и градот. Криво ми е што се случи ова, јас навистина дадов се од себе за да излеземе во пресрет на потребите на ученичката Ембла, но не мислат сите така, рече Нуредини.
Тој беше директор на училиштето „Башкими“ една година и шест месеци, а неговиот мандат истекол на шести февруари. Нуредини ќе продолжи да работи како наставник по физичко во истото училиште.
Веќе утре се очекува да биде назначен нов в.д. директор на училишето, потврди гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари.
– Заедно со директорот Нуредини, кој беше еден од најуспешните директори во Гостивар донесовме одлука дека не треба да се продолжи неговиот мандат. Ја анализиравме состојбата и со цел да не се политизира настанот донесовме заедничка одлука тој да не конкурира на новиот конкурс. Денеска или утре ќе биде назначен нов вршител на должност, рече Таравари.
Ембла е вратена во класот со децата чии родители бараа да се тргне од настава
Министерот Шаќири ќе го разреши директорот од Гостивар ако тоа не го стори градоначалникот Таравари
ФОТО+ВИДЕО: Радост на лицето на Ембла, гостин ѝ беше претседателот Пендаровски