Атанас Костовски, Фото: Архива

Жолт картон за пратениците и за портпаролите на ДПМНЕ

Во весниците велат „насловот го чита текстот“, да, се согласувам со вас, во ова наше време на партиски соопштенија, прес-конференции, на реплики и контрареплики, насловот може да биде мошне провокативен.

Па, кога сега веќе ќе почнете да ги читате овие редови, пријатно ќе се изненадите од добронамерноста на „жолтиот картон“: Драги народни пратеници и портпароли на владејачката партија – пишувајте кирилица и зборувајте македонски!

Читајте или зборувајте како што пишува, во нашата азбука нема букви што се читаат ес (с), де (д), ем (м), вашиот партиски соперник се пишува (чита) како што и се пишува – СДСМ!

Да ве потсетам, во онаа наша поранешна држава јас не можев да влезам во студиото на ТВ Скопје, без потпис на Зиглин, Крстевски, Доковски, Николова… Немавме Закон за заштита на македонскиот јазик, но имавме лектори.
И јас како и вие и сите ние, сакаме да стигнеме таму каде што сме се упатиле, во ЕУ како Македонци.

Ве молам, не заборавајте на генијалната мисла на нашиот великан од Небрегово, Блаже Коневски: Јазикот е нашата татковина.

За наше заедничко добро.

(Авторот е новинар)

ЈАЗИКОТ НА КОЈ СЕ НАПИШАНИ, КАКО И СТАВОВИТЕ ИЗНЕСЕНИ ВО КОЛУМНИТЕ, НЕ СЕ СЕКОГАШ ОДРАЗ НА УРЕДУВАЧКАТА ПОЛИТИКА НА „СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот