
Животот на мормонската заедница во Мексико: Полигамија, братоубиства, освети и силувања
Вчера во светот одекна веста за смртта на деветте членови на мормонската црква, меѓу кои три мајки и шест деца, кои беа убиени во напад од наркокартел додека оделе на венчавка. Во упориштето на Мормоните во Мексико, кое го основа американски државјанин бегајќи од забраната за полигамија, со години се случува најразлично насилство и убиства, објави српски „Телеграф“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Семејставата биле членови на населбата Ла Мора, заедница стара еден век во мексиканската држава Сонора, која ја основала семејството ЛеБарон како фундаменталистички огранок на Црквата на Исус Христос на светците од подoцнежните дни.
За потсетување, во понеделникот најмалку шест деца и три жени беа убиени кога мексиканска банда отвори огин на конвој од три автомобили на еден земјен пат во северниот дел на Мексико.
Меѓутоа, тоа не е првпат членовите на одметната црква да бидат нападнати во овој дел од државата. Тие и претходно се убивани во напади од наркокартелите, а медиумите пренсувале и за убиства меѓу браќа и сестри од заедницата.
Така, 2010 годинам два члена од заедницата Чивава Мормон, вклучувајќи и еден од семејството ЛеБарон, убиени се поради освета, откако силите за безбедност пронашле припадници на една банда со дрога.
Пред тоа Мормоните доживеале и неколку киднапирања. Нивните големи куќи и стилот на живот ги направиле да изгледаат како да се многу богати во очите на наркобандите, пренесе Вајс во 2012 година.
Како е основана заедницата во Мексико
Основана како огранок на Црквата на Исус Христос на светците од подoцнежните дни, црквата на крајот на 1800 години ја напуштила праксата на полигамија, а некои полигамни Мормони се преселиле во Мексико и основале нови колонии.
Семејството ЛеБарон ја основал Алма Дајер ЛеБарон. Тој со своето семејство ја основал заедницата во 1924 година откако е екскомунициран од црквата.
Пред да умре во 1951 година, Алма водството му го предал на својот син Џоел. Неговиот помлад брат Ервил бил втор во ланецот на командата. Браќата набрзо се скарале околу водството, а Ервил основал уште една секта во Сан Диего, Калифорнија, во 1972 година.
Ервил, кој имал најмалку 13 жени, го убил родениот брат Џоел во 1972 година, поради што е осуден во Мексико 1974 година. Додека бил во затвор, напишал заповеди на 400 страници за убивање на непослушни членови на црквата кои биле на таа листа.
Тој починал во затворот во 1981 година, но шест членови на семејството организирале убиства во кои во Тексас 1988 година е убиено осумгодишно дете и три поранешни членови на црквата.
Хербер, синот на Ервил е уаспен во врска со убиствата во Тексас и Јута во 1980-тите години. Другиот син Арон, осуден е на затворска казна со времетраење од 45 години поради убиство.
Една од ќерките на Ервил, Ана ЛеБарон, изјавила дека нејизниот тактко наредувал убиства во стилот на мафијата.
Иако многу од жителите на Ла Мора, каде живееле жртвите во неодамнешниот напад, се идентификуваат како мормони, тие исто така се сметаат како независни од Црквата на Исус Христос на светците од подoцнежните дни, изјави Кристина Росети, научничка од редовите на мормоните.
– Многу од жителите на Ла Мора веруваат во редовните принципи на мормонизмот, но исто така веруваат дека не би требало да се формираат цркви, како и дека не треба да се организираат под еден водач. Само треба да бидат Мормони и да живеат мормонски живот – рече Росети.
Некои од семејствата кои живеат таму се уште практикуваат полигамија, додека другите престанале пред неколку генецарии.
Тепањето и сексуалната злоупотреба се секојдневие во заедницата
Поранешната жителка Рут Варниер во 2016 година детално го опишала животот во заедницата, зборувала бројните браќа и сестри, за константите претепувања, домовите без струја и модерен водовод.
Рут Вариер живеела во колонијата ЛеБарон додека не побегнала кога имала 15 години – и со себе ги земала трите помлади сестри. Татко ѝ бил убиен кога имала три години, а мајка ѝ набрзо се омажила за друг маж од заедницата.
– Тогаш започна тепањето и сексуалната злоупотреба, која се случуваше секој ден. Црквата ги научи жените да ги затвораат очите, верувајќи дека бракот е нивната едиствена карта кон небесното кралство – раскажува Рут.