
Живковски: Целосната дигитализација на Катастарот е наш врвен приоритет
Катастарот треба да биде гаранција на сопственоста, поддршка на урбанистичкото планирање и алатка за развој на инфраструктурата и општеството во целина, вели директорот Иван Живковски.
Препорачано
Меѓу најголемите тековни предизвици, тој во интевју за веб-порталот „Скопје инфо“ ги наведува застарената технолошка инфраструктура и дефицитот од стручен кадар. Во таа насока, како што вели, веќе се спроведуваат мерки – од внатрешна реорганизација и регрутирање на млади професионалци, до редовни обуки и нови соработки со правосудните и стручни комори.
Со моето доаѓање затекнавме над 5.600 заостанати предмети. Со внатрешни реформи ги расчистивме сите, а денес постапуваме навремено и ефикасно, изјави Живковски.
Како што посочува повеќе од 100 услуги се достапни преку националниот портал за електронски услуги, а надграден е и системот за проверка на сопственост и статус на предмети, како и мобилната апликација I-Kat, која сега е достапна и за iOS.
Целосната дигитализација е наш врвен приоритет. Ќе овозможиме сите барања и постапки да се поднесуваат онлајн. За повозрасните граѓани, шалтерите остануваат активни“, додаде директорот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
3час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5