Фото: Профимедиа

Живеела брзо и умрела млада: Астрономите открија ултрамасовна галаксија

Во галаксијата повеќе не се формираат ѕвезди.

Утраголема галаксија која постои од раните денови на Вселената живеела брзо и умрела млада, велат астрономите.

Галаксијата ХММ-2599 постоела пред 12 милијарди години. Многу брзо се формирале ѕвездите, а затоа и умрела. Барем така покажуваат мерењата на спектографската опсерваторија В.М.Кек, која се наоѓа во близина на заспаниот вулкан Маун Кеа на Хаваите.

-Пред Вселената да наполни две милијарди години, во ХММ-25299 исчезнале повеќе од 300 сонца, што всушност покажува дека станувазбор за ултрамасовна галаксија, вели Бенџамин Форест, главен автор на студијата.

Во галаксијата повеќе не се формираат ѕвезди.

За време на својот врв, галаксијата успеала да створи повеќи од 1.000 ѕвезди годишно, што е неверојатно голем број во споредба со нашата галаксија, во која се создаваат по една ѕвезда годишно.

-ХММ-2599 е можеби потомок на раните галаксии кои формирале голем број на ѕвезди, а кои неодама беа откриени со новиот инфрацрвен телескоп, изјави Данило Марчесини, коавтор на студијата.

Сепак, астрономите не се сигурни како се развивала оваа галаксија. Кога ќе се спореди со други, ХММ-2599 би требала се уште да формира нови ѕвезди.

Астрономите не знаат каква е иднината на оваа галаксија.

Таа не може да ја изгуби масата, но може едноставно да престане да формира ѕвезди.

Астрономите добиле дополнително време за да ја истражуваат оваа чудна галаксија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот