Селекција на отпад/ Фото: Општина Гази Баба

Жителите на Стајковци ќе селектираат лименки и пластични шишиња

Во Стајковци започна реализација на пилот-проект за селекција на ПЕТ амбалажа и лименки во домаќинствата. Оваа еколошка иницијатива Општина Гази Баба ја спроведува заедно со Центарот за климатски промени како дел од поширокиот проект „Регионално партнерство за подобро спроведување на зелена агенда за Западен Балкан“.

Денес им ги поделивме кантите за селекција на граѓаните од Стајковци и им ја објаснивме целата постапка. Навистина ми е мило што видов колку се подготвени, заинтересирани и посветени да дадат свој придонес. Оваа поддршка од граѓаните ни дава сила да продолжиме уште посилно – вели градоначалникот Бобан Стефковски.

Секое домаќинство што е дел од пилот-проектот ќе има посебни канти за пластика и лименки, а собраниот отпад ќе се подига на секои две недели – или по договор, во согласност со реалната динамика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот