Жители на Црешево и Смилковци со денови немаат вода на пеколни температури, општината утре ќе им прати цистерни

Жители на скопските села Црешево и Смилковци бурно реагираат на секојдневните рестрикции на водата кои се принудени да ги издржуваат на пеколните горештини со температури од над 40 степени.

„За пиење вода купуваме од маркети, но за лична хигиена немаме услови“, велат жители на Црешево кои се обратија до „Слободен печат“.

„Како е можно само овие две населени места да се постојано без вода, ако навистина проблемот е во дотокот од Рашче? Зошто тогаш сите други населби имаат вода? ЈКП Гази Баба молчи. Нема соопштение, нема објаснување, нема одговорност. Очигледно е дека нешто не чини – или проблемот е технички, или институционален. Но што и да е, ова трае со недели, и веќе нема оправдување“, пишува жителка на Црешево во објава на социјалните мрежи.

Денеска реагираше општинското јавно комунално претпријатие „Гази Баба 2007“, од каде најавија дека утре ќе бидат поставени две цистерни за техничка вода поради рестрикциите.

„Почитувани жители на Црешево и Смилковци, утре ќе бидат поставени две цистерни за техничка вода за вашите населени места. Тие ќе бидат на локациите подолг временски период а ќе бидат надополнувани по потреба“, пишува во објавата на претпријатието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот