Фото: Фејсбук

Жител на Кумановско настрадал на кружен тек во Скопје, го удрил возач од Скопско

Вчера попладне, жител на Кумановско е тешко повреден откако во него со автомобил удрил 52-годишен жител на скопското село Долно Количани, соопшти МВР.

„На 30.09.2025 во 17:14 часот во СВР Скопје е пријавено дека на кружен тек на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.И.(52) од с.Долно Количани, скопско, удрило во пешакот Љ.В.(54) од с.Агино село, кумановско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот