Полиција / Фото: МВР

Жител на Гостиварско е тешко повреден, соселанец го прегазил со автомобил

81-годишен жител на гостиварското село Неготино е во болница со тешки повреди откако бил прегазен од автомобил кој го возел негов соселанец, соопшти полицијата.

„На 09.07.2025 во 21 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Градец, во с.Неготино, патничко возило „ауди“ со гостиварски регистерски таблички, управувано од Ш.Х.(62) од с.Неготино, удрило во пешакот А.Ј.(81) од с.Неготино. Со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Увид извршила екипа од ОВР Гостивар“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот