Жиголо ги раскажа најлудите желби на жените: Кога ми кажа со што сака да ја хранам, веднаш одбив!

Британскиот жиголо Себастијан не престанува да добива понуди за работа, ниту во времето на карантинот, пишува Метро. Во искрено интервју за нив тој открил дека клиентите редовно го бараат за услуги и често имаат луди барања.

„Имав необични барања, како жена која ме замоли да ја нахранам, но не со храна, туку – измет! Одбив. Имав и клиентки кои ми бараа да им ја одземам невиноста, мажи ми нудеа и до 5000 фунти за да поминам само неколку часа со нив, иако на мојот профил пишува јасно дека не сум ниту геј, ниту бисексуалец“, открил тој.

„Минатата година запознав неверојатна 79-годишна Американка, која планира да патува 9 месеци и сака пријатна придружба. Заедно ја истражувавме Европа, патувајќи од Лондон до Париз и Копенхаген. Нашиот однос беше потполно платонски. Се ми беше платено, вклучувајќи ги и моите трошоци, но и наплатував и дневница“, рекол Себастијан.

Тој признал дека пандемијата од вирусот сепак имала големо влијание на порно индустријата.

„Последната клиентка ми беше кон крајот на февруари, непосредно пред почетокот на март кога пандемијата ја прекина мојата работа. Наместо тоа, нудам Зум и Фејстајм сесии, но досега немам никој резервирано, иако сум во контакт со потенцијални клиенти и се надевам дека ќе може наскоро да ги видам, откако помине целата оваа криза“, признава тој.

Додал и дека добил неколку барања да ја прекрши изолацијата, но љубезно ги одбил.

„Ме загрижува како коронавирусот ќе влијае на мојата индустрија подоцна, но исто така и не сум претерано загрижен, бидејќи пружам вредна услуга“.

Тој објаснил дека поедини жени средбите со него ги сметаат за некаков вид на терапија. Една жена наводно му пратила порака во која му признала дека тој влијаел врз зголемувањето на нејзината самодоверба.

Себастијан вели дека конечно ја сака својата работа и дека семјството го поддржува.

„Мојата мајка на почетокот беше малку загрижена, бидејќи на ескортот гледаше како на секс за пари, но тоа не е така црно-бело“, заклучил тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот