Фото: sakkmesterke / Alamy / Alamy / Profimedia

Жените открија: Мажите со овие особини се најдобри во кревет

Една доблест се покажа како одличен знак за сексуални вештини, бидејќи укажува дека мажот е опуштен во различни ситуации.

Женскиот оргазам отсекогаш бил комплицирана тема, а многу мажи сè уште не можат да разберат сè за него. Многу фактори влијаат на тоа каков љубовник ќе биде мажот и дали интимната врска ќе биде добра или лоша.

Сепак, според неодамнешна студија, објавена во списанието „Socioaffective Neuroscience & Psychology“, одредени доблести укажуваат дека мажот може да биде добар љубовник и да ве доведе до оргазам порано од мажите на кои им недостасува таа доблест.

Експертите го истражувале сексуалното минато на жените за да се обидат да утврдат со кои партнери имале најдобри сексуални врски и редовно достигнувале кулминација.

Во студијата учествувале жени до 69 години кои не биле во врска или во брак, бидејќи експертите верувале дека жените во врска би се чувствувале обврзани да им дадат подобра оценка на своите сегашни партнери, дури и ако навистина не ја заслужуваат. Жените одговарале на разни прашања за нивниот сексуален живот во 70-минутен тест, а врз основа на нивните одговори, истражувачите откриле дека најдобар секс имале со забавни мажи.

Чувството за хумор се покажа како одличен знак за сексуални вештини, бидејќи укажува дека мажот е опуштен во различни ситуации, вклучително и интимни, што е важно за добра комуникација меѓу партнерите и, на крајот на краиштата, за добар секс.

Меѓу другите квалитети, беше пронајдена и креативностa. Мажите кои се креативни во други области од животот имаат поголема веројатност да ја изразат својата креативност под ќебето. Мажите со овие квалитети покажаа поголем интерес за сексуалното задоволство на своите партнерки отколку мажите кои не ги поседуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот