Фото: Архива на Слободен печат

Жените молчат за сексуалното насилство – само 2% од злоставуваните жени ги пријавуваат случаите

Во центарот за рехабилитација во Скопје за една година се пријавиле повеќе од 50 сексуално злоставувани жени, од кои повеќето биле малолетни. Според мрежата против насилство врз жените, кај нас само два отсто од сексуално злоставуваните жени ги пријавуваат своите случаи во државните органи.

Годишно само во главниот град има по 50-60 пријавени случаи, но реалните бројки се далеку поголеми. Жртвите најчесто се одлучуваат да молчат за насилството и ретко која побарала помoш, велат од Мрежата против насилство врз жените и семејно насилство.

Во земјава има три центри за жртви на сексуално насилство, по еден во Куманово, Тетово и Скопје, но многумина не знаат дека во овие три града има центри за поддршка на жртвите, каде што можат да се обратат и да побараат помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот