
Жена премолче „кобен роденден“: Поради тоа испрати 10 лекари и сестри во изолација
Поради заразена жена (65) од подрачјето на Крижевац во Хрватска десетина медицински работници завршија во изолација, пренесува Вечерњи.хр.
Во Копривничко – крижевачката жупанија регистрирани се четворица новозаболени од коронавирусот, па сега се вкупно 16. Повеќе од половината од заразените доаѓаат од кобниот роденден на заразената просветна работничка од Крижевац која била во контакт со заразена жена, дефектолог од Загреб.
Препорачано
Жената на 26. март ја повикала крижевачката итна помош зошто ѝ било лошо и се сомневала на воспаление на белите дробови. Итната интервенирала и ја префрлиле во копривничката болница. Меѓутоа, како што дознава хрватскиот весник во крижавачката болница, жената таа ноќ од тријажниот шатор завршила на итното болничко одделение. Бидејќи ги премолчила сомнителните контакти, со терапија е испратена дома.
Но, неа и било се полошо, па на 30 март повторно завршила во тријажниот шатор на копривничката општа болница. Таму тогаш ја сфатиле сериозно и веднаш ја испратиле на инфективното одделение.
Мирјана Ханџековиќ, директорка на жупанискиот Завод за итна медицина, призна дека во петокот поради таа пациентка од установата се оддалечени два комплетни тимови од крижевачката итна помош со вкупно пет лица. Директорот на копривничката Општа болница д-р Мато Девчиќ порача дека состојбата во таа установа е под контрола.
– Досега тестиравме 102 вработени во болницата и сите беа негативни, нагласи Девчиќ, но не говореше за лицата кои во меѓувреме од болница завршија во самоизолација.
Девчиќ во средата, говорејќи за тогаш новозаразените, откри дека 65-годишна пациентка е примена во болницата со тешко воспаление на белите дробови, но немало потреба да биде приклучена на респиратор.