
Жена имала сексуален однос првпат по осум години, по што доживеала вистински кошмар во болница
Стапувањето во сексуални односи по повеќегодишна пауза може да биде опасно, предупредуваат лекарите.
Препорачано
Како пример може да послужи 39-годишна мајка која се здобила со повреда на десниот дел од вагината откако имала сексуален однос за првпат по осум години. Тоа резултирало со крвавење во бањата, а во обид да го запре крвавењето, пациентката користела 20 хигиенски влошки, вклучително и вметнување тампон кој бил исфрлен од протокот на крвта. Вкупно изгубила повеќе од половина литар крв. На пациентката ѝ ја зашиле раната во вагината за да се запре крвавењето. Жената цела ноќ ја поминала во болница, а следниот ден била отпуштена и немала долготрајни компликации од повредата, пишува „Дејли мејл“.
Лекарите констатирале дека повредата најверојатно настанала поради недоволно подмачкување на вагината пред пенетративниот однос.
– Вагината станува подмачкана со трансудат (течности) и се зголемува во должина и ширина како дел од сексуалната возбуда. Интимниот однос што се случува без оваа физиолошка подготовка на вагината е поверојатно дека ќе резултира со повреда – објасниле лекарите.
Повредите на вагината може да доведат до обилно крвавење поради високата васкуларизација на тој предел, односно присуството на голем број крвни садови, наведуваат лекарите во извештајот и предупредуваат дека повредите на оваа област, исто така, ги оставаат пациентите во опасност од инфекција и долгорочно оштетување на репродуктивните органи.
Истражувањето на 316 гинеколози покажало дека 83,5 отсто од нив лекувале лица со вагинални повреди предизвикани од интимен однос. Во извештајот објавен во списанието „Извештаи за случаи во клиничката медицина“ (Case Reports in Clinical Medicine) се откриени три случаи на вагинално крвавење по сексуален однос.
Во едниот случај, 18-годишна девојка изгубила околу два литра крв откако се здобила со вагинална рана. Во другиот случај, 18-годишна мајка дошла во болница со тешко вагинално крвавење. Се испоставило дека имала рана во ѕидот на вагината која била затворена со конци, пишува „Дејли мејл“.