Две деца се прегазени на пешачки премин на „Партизанска“ во Скопје / фото: Фејсбук

Жена и дете прегазени на пешачки премин на „Партизанска“

Попладнево на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Карпош 4, се случи тешка несреќа во која се прегазени жена и дете.

Како што објави „Канал 5“ повикувајќи се на очевидци на несреќата, жената била веднаш однесена во болница во тешка состојба, додека детето лежело на тревникот покрај булеварот 20-тина минути, пред да пристигне возило на Итната помош, кое го пренела и него во болница.

На социјалните мрежи е објавена фотографија на која се гледа како минувачи се обидуваат да им помогнат на повредените.

Дел од медиумите, пак, објавија дека жртви во несреќата биле две деца, од кои едното било на велосипед, а другото се движело пеш. Полицијата и надлежен обвинител вршат увид на местото и официјални информации најавија до крајот на денот.

Дополнување:Доцна попладнето, МВР ја потврди втората верзија на настанот, појаснувајќи дека се прегазени двајца малолетници, кои се пренесени во болница со повреди:

МВР: На „Партизанска“ се прегазени две деца, ги удрил 26-годишен возач со „Ауди“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот