
Железничкиот сообраќај кај Велес беше во прекин поради падната топола
Железничкиот сообраќај на релација Велес-Скопје синоќа беше 4,5 часа во прекин поради падната топола на пругата. Сообраќајот бил во прекин од 18,30 часот до 23 часот, а тополата ја сечече граѓани и таа наместо кон реката Вардар паднала на пругата.
Препорачано
Според првичните сознанија од МЖ направена била штета на контактна високонапонска мрежа од 25 000 KW и штети на пругата што треба да ги утврди комисија на МЖ.
– Поради тоа од Скопје не можел да тргне патничкиот воз кон Битола, а во Железничката станица во Велес стоеле два воза од Битола за Скопје и од Гевгелија за Скопје, а во застој биле и товарните возови од Гевгелија за Табановце и од Табановце за Гевгелија, информираат од МЖ.
Увид на местото на настанот направила екипа на МЖ-инфраструктура и на МВР.
Од ЈП МЖ апелираат до граѓаните кои сечат дрва покрај пругата претходно да бараат дозвола и за тие активности да контактираат и да добијат асистенции и инструкции од надлежните од МЖ.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
6час
-
6час
-
7час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5