Фото: Општина Ѓорче Петров

Зградите во населбата Александрија ќе се приклучат на парно греење

Во населбата Александрија во Општина Ѓорче Петров започнува подготовка за реализација на значаен проект за изградба на нова топловодна мрежа, во вредност од 40 милиони денари, инвестиција на ЕСМ – Дистрибуција на Топлина.

Со овој зафат, над 1000 станови ќе можат да се приклучат на мрежата за централно парно греење. Се работи за проект со витално значење за задоволување на растечките потреби за снабдување со топлина, како и за намалување на загадувањето на воздухот, истакна градоначалникот Александар Стојкоски.

Проектот предвидува изградба на линиска инфраструктурна градба – нов секундарен вод  на улиците Новопланирана 2, 4 и 5 во населбата.

Стојковски информира дека проектот е во фаза на техничка подготовка, со извршен увид и планирање на следните фази за отпочнување со градежни активности.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот