Фото: Архива на „Слободен печат“

Зголемени увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи

Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во јануари годинава се повисоки за 8,0 отсто на месечно ниво, а пониски за 24 отсто на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, цената на бензините на месечно ниво пораснала за 13,2 отсто, а на годишно ниво бележи пад од 23,6 отсто, додека кај дизелот на месечно ниво има раст од 6,7 отсто, а на годишно ниво пад од 26,2 отсто.

Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба. Главни корисници на податоците се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците при склучувањето на градежните договори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот