светска банка
Светска банка / Фото: МИА

Зголемени проекции на Светска банка: Годинава раст од 3,1 отсто на македонската економија

Економскиот раст на Македонија за годинава се очекува да биде 3,1 отсто, проценува Светска банка. Главен двигател се јавните инвестиции и зголемувањето на растот на извозот

Светска банка ги зголеми проекциите за растот на македонската економија и сега очекува реален раст на БДП од 3,1% во 2025 година, 3% во 2026 и 3% во 2027 година. Во однос на пролетните прогнози, растот е зголемен за 0,4 процентни поени.

Во најновиот извештај се наведува дека економијата на Западен Балкан ќе закрепне во следните години, поттикната од инвестиции и закрепнување на извозот.

– Регионалниот раст за 2025 година се проектира на 3%, што е малку пониско од претходните очекувања, но се очекува постепено зголемување на 3,1% во 2026 и 3,6% во 2027 година – се вели во извештајот.

Директорката на дивизијата за Западен Балкан во Светска банка, Шаокинг Ју, оцени дека регионот напредува, но растот и понатаму е недоволен за целосно приближување кон економиите на ЕУ. Таа порача дека е потребно поголемо учество на пазарот на труд, подобрување на вештините и дигитална трансформација на фирмите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот