Фото: Принтскрин, ЈПДП

Гужва на „Богородица“ пред продолжениот викенд за 8 Септември

На граничниот премин „Богородица“ има зголемена фреквенција на возила во пресрет на продолжениот викенд по повод државниот празник 8 Септември – Ден на независноста на Македонија.

Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите каде е можен пад на одрони. Како критични делници се посочуваат Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот