Протест на грчките земјоделци/Фото: EPA-EFE/ACHILLEAS CHIRAS

Земјоделците од Лерин ја блокираат границата со Македонија

Земјоделците кои протестираа, ја окупираа управната зграда на грчкиот регион Западна Македонија во градот Кожани, јави АНА-МПА. Земјоделците не им дозволија на службениците да влезат. Доцна синоќа демонстрантите ја блокираа и царинската испостава во градот Касторија, северна Грција.

Земјоделците од Лерин одлучија да го затворат граничниот премин кон Македонија  Ники (Негочани) – Меџитлија за камиони кои превезуваат стока, од 12 до 15 часот попладне, објави Прототема.

Според информациите во грчките медиуми, пак, расположението кај земјоделците е против владините предлози со кои не се решаваат нивните проблеми. Се очекува земјоделците да одлучат да организираат голем протест со трактори во главниот град Атина, но се уште не е јасно дали таква одлука ќе биде донесена, дали ќе се случи за време на викендот или следната недела.

Земјоделците од источен Солун пак рано изутрината со трактори се собраа на плоштадот Епаноми да го изразат своето несогласување со мерките на грчката Влада.

Земјоделците, кои нешто пред 12 часот по локално време со десетици трактори тргнаа кон аеродромскиот центар во Солун, на мирен протест, потенцираат дека не биле задоволни од средбата што 15-члената комисија ја имала со грчкиот премиер и дека ќе продолжат со своите протести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот