ЕУ знаме / Фото EPA-EFE/FREDERIC SIERAKOWSKI

Земјите од ЕУ бараат 127 милијарди евра кредити за дополнително вооружување

Европската комисија соопшти дека 18 земји-членки поднеле барање за заеми во вкупна вредност од 127 милијарди евра преку инструментот SAFE, креиран за зајакнување на заедничките одбранбени капацитети на Европската унија, пишува „Еуњуз“.

SAFE, клучен дел од стратегијата на ЕУ за зголемување на колективната безбедност, овозможува поволно финансирање за земјите-членки во контекст на зголемените геополитички тензии и перцепираната закана од Русија. Инструментот има за цел да ја намали зависноста од САД во набавката на воена опрема.

Меѓу земјите кои поднеле барање за средства се Франција, Шпанија, Италија и Полска.

SAFE е дел од поширок план презентиран од Европската комисија на крајот од март, со кој се предвидува мобилизација на до 800 милијарди евра за модернизација и дополнително вооружување на европските земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот