
Земени брисеви од петмина излекувани штипјани како можни дарители на крвна плазма
Епидемиолозите од штипскиот Центар за јавно здравје утринава земаа брисеви од петмина излекувани штипјани од коронавирусот, кои сакаат да бидат дарители на крвна плазма.
Препорачано
Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека откако ќе се испратат брисевите во лабароторијата во Скопје ќе се знае колку од овие хумани и излекувани пациенти ќе можат да даруваат крвна плазма, за оние кои се уште ја бијат битката со вирусот.
Таа истакна дека во тек е увидот во осмата конфекција, каде што до вчера се појавија вкупно три позитивни случаи на коронавирусот.
-Епидемиологот треба да увиди дали во конфекцијата се почитуваат препораките за заштита, како од страна на работодавецот, така и од страна на работниците, односно дали меѓу машините има доволно растојание, како и дали работниците ги почитуваат мерките со носење на заштитни маски, вели Димитрова.
Таа истакна дека се чекаат и резулататите од првите контролни тестови за 53-те работнички, а се чекаат и резулатите од скринингот на вработените во најголемата штиспка градинка „Астибо”, каде што се тестирани над 130 вработени.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
18мин
-
33мин
-
37мин
-
41мин
-
51мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5